Раниери: Како може да кажете дека Севиља е лесен противник

Од:

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери изрази чудење од тврдењата на некои медиуми дека англискиот првак добил лесен противник во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Како може некој да каже дека Севиља е добра жрепка. Како е добра кога се знае дека тие имаат три трофеи по ред? Во никој случај нема да биде лесно за Лестер. Но јас верувам дека во ЛШ ќе продолжиме со добрите игри за разлика од Премиер лигата и дека публиката ќе има можност да проследи два убави натпревара, изјави Раниери.

Тој додаде дека 2016 година за него ќе биде незаборавна.

– Не можам да заборавам што направивме со Лестер. Да се биде шампион на Англија во конкуренција на многу големи имиња не е мала работа. Титулата не е освоена преку ноќ, туку е плод на макотрпна долгогодишна работа.

Оваа сезона Лестер не е на нивото од минатата и како што рече Раниери, тимот ќе се бори за опстанок во лигата.

По 18 кола Лестер има 17 бодови и е на 16 место, само две позиции погоре од позициите кои значат испаѓање од елитата.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска