Рамос повеќе не е тренер на Малага

Од:

Познатиот шпански фудбалски тренер Хуанде Рамос ја напушти клупата на Малага поради серијата слаби резултати, соопшти клубот од Андалузија.

Елиминацијата од второлигашот Кордоба во Копа дел Реј, како и само една победа на петте последни натпревари во Примера, значеа крај на вториот мандат на Рамос во Малага по седум месеци.

Шпанскиот клуб објави дека договорот е раскинат со согласност од двете страни.

Наследникот на 62-годишниот Рамос на тренерската позиција на Малага ќе биде познат до 8 јануари кога продолжуваат натпреварите во Примера.

Малага се наоѓа на 11-то место во шпанскиот шампионат со 21 бод по 16 одиграни рунди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска