Рамос постави рекорд во Ла Лига па се повреди

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се искачи на првото место на вечната листа во Ла Лига по постигнати голови кога станува збор за одбранбени фудбалери.

Рамос синоќа од пенал го постигна првиот гол за Реал во победата над Реал Сосиедад со 2:1.

За капитенот на „кралевите“ ова беше 68 погодок поминувајќи го Роналд Куман кој своевремено стигна до 67 гола во Ла Лига.

Оваа сезона, 34-годишниот Рамос играше на 28 натпревари од шампионатот на Шпанија, и седум пати се запиша во листата на стрелците. Сепак, неизвесно е дали ќе може да постигне уште некој гол до крајот на сезоната, бидејќи вчера го повреди коленото по еден дуел со Александар Исак. Фудбалерот се обиде да се врати во игра, но сепак побара замена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска