Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос рече дека сонува со неговиот клуб да испишат историја со тоа што за првпат од постоењето на Лигата на шампионите би го одбраниле трофејот.
– Новиот трофеј е секогаш најдобар, особено сега кога сонуваме да станеме првиот тим кој ќе го брани насловот во Лигата на шампионите. Не очекува голем натпревар, сакаме да се докажеме. Во Лигата на шампионите не е потребна никаква дополнителна мотивација. Ова е историски момент и јас сум свесен дека победата во три од нашите четири финалиња би била фантастичен успех, истакна Рамос.
Тој не ја прифати фаворитската улога и рече дека имаат еднакви шанси со Јувентус.
– Ние не сме фаворити. Реал и Јувентус вечерва имаа исти шанси за триумф. Сепак на крајот се надевам дека ние ќе славиме.
Реал Мадрид и Јувентус вечер од 20:45 часот во Кардиф ќе го одиграа последниот натпревар оваа сезона во елитната Лига на шампиони.