Рамос нема да може да дебитира за ПСЖ на мечот против Севилја поради повреда

Од:

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе го пропушти пријателскиот натпревар на парижаните против Севилја поради повреда, објавено е на официјалната веб-страница на францускиот клуб.

Триесет и петгодишниот Шпанец се здоби со повреда на мускулот на левата потколеница за време на еден од тренинзите. За една недела се очекува да се врати во општата група.

Рамос се приклучи на Пари Сен-Жермен како слободен агент од Реал Мадрид на 8 јули 2021 година. Фудбалерот потпиша договор со парижаните до крајот на јуни 2023 година.

За потсетување, Шпанецот е „дете“ на Севилја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска