Рамос: Мора да го заборавиме Мурињо

Од:

Фудбалерот на мадридскиот Реал, Серхио Рамос изјави дека е време играчите на „кралскиот клуб“ да го заборават поранешниот тренер Жозе Мурињо.

-Мора да го заборавиме неговото владеење во Реал и да се обидеме да го направиме она она што ни го донесе новиот тренер Карло Анчелоти. Системот на игра кој што го има Италијанецот не ни е нов, но се работи за променета филозофија-наведе Рамос.

Тој додаде дека Икер Касиљас дефинитивно си го заслужува своето место, кое што го загуби минатата сезона кај Мурињо.

-За нас тој и понатаму е најдобар голман на светот. Има играчи кои што му се конкуренција, а Диего Лопез минтата сезона исто така покажа квалитет-додаде Шпанецот.

Мурињо по завршување на мината сезона го напушти Реал и се врати на клупата на Челзи.

Тимот на Реал вечерва во Глендеј ќе игра финале во меѓународниот турнир, токму против екипата на Мурињо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска