Рамос кон Перез: Исплати ме и си заминувам

Од:

Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на Шампионите довеле до голема кавга меѓу клупскиот претседател Флорентино Перез и капитенот на тимот, Серхио Рамос, кој го пропушти поразот со 1:4 од Ајакс по намерно добивање на жолт картон, тврди „АС“.

Перез влегол во соблекувалната по последниот сигнал на судијата, барајќи објаснување од играчите за нивното однесување за време на натпреварот. Неговиот говор траел неколку минути, откако ги критикувал фудбалерите за недостаток на посветеност, откако стигнал до таму да ги нарече дека се „срам“ за клубот.

Во тој момент, Рамос ги изгубил нервите и почнал да го обвинува претседателот и раководството на лошо планирање, што придонело за пропаднатата сезона.

„Ќе те избркам“, го предупредил Перез.

„Исплати ме и си заминувам“, вратил дефанзивецот.

Потоа, гледајќи директно кон претседателот, продолжил: „Сум дал сè од себе и сум се борел цврсто за овој амблем, за овој клуб и дури за тебе“.

Целата екипа била сведок на оваа караница.

Потоа, претседателот заминал на состанок со раководството до 2 часот во текот на ноќта по локално време, на кој се разгледувале сите достапни опции за иднината на тимот. Меѓу нив биле веднаш отпуштање на тренерот Сантијаго Солари и враќање на Жозе Мурињо, за кого се знае дека е во лоши односи со Рамос.

Имало сериозно несогласување за тоа што треба да следи. Затоа не е донесена одлука, но не е исклучено да се дојде до таква во наредните денови, дополнуваат од изданието.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска