Реал Мадрид се подготвува за реваншот против Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите. Дефанзивците Ферлан Менди и Серхио Рамос работеа со и без топка на денешниот тренинг, пренесува „Марка“ и се очекува да можат да играат против лондонскиот клуб.
Играчот за врска Федерико Валверде помина уште еден тест за да утврди инфекција со коронавирус и го очекува резултатот утре. Еден тест е веќе негативен.
Дефанзивецот Рафаел Варан, кој се повреди вчера на натпреварот против Осасуна (2:0), утре ќе направи скенирање со магнет, по што ќе стане јасна природата на повредата.
Реал Мадрид ќе игра со Челзи на 5 мај во Лондон. Првиот натпревар заврши со резултат 1:1.