Рамос: Гризман бил како Меси и Роналдо? Неговото незнаење е многу храбро

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го искажа своето неодобрување на изјавите на Антоан Гризман од ривалот Атлетико дека е на исто ниво како она на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Асот на Атлетико Мадрид и на францускиот национален тим тешко го преживува фактот дека не се најде меѓу тројцата финалисти за наградата „Најдобриот“ на ФИФА, откако освен со светската титула, може да се пофали со трофејот од Лига Европа и Суперкупот на Европа за 2018 година.

– Неговото незнаење е многу храбро, рече Рамос за време на прес-конференцијата на Реал пред утрешниот натпревар на европскиот клупски шампион против Рома во Лигата на Шампионите.

– Кога слушам овој тип како зборува, се сеќавам за Франческо Тоти, Чави, Раул, Иниеста, Икер Касиљас… Постојат големи играчи, кои имаат многу трофеи на своја сметка, но не ја освоиле оваа индивидуална награда. Гризман треба да се посоветува со Чоло (тренерот на Атлетико, Диего Симеоне – н.з.) или Диего Годин, бидејќи тоа се луѓе чии вредности ги споделувам, додаде Рамос.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска