Ракометарите на Металург по нова победа од Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ го игра дуелот од 8. коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува првакот на Словачка Татран Прешов. Оваа екипа Металург сезонава ја победи во СЕХА лигата на домашен терен со 27:21, но на дуелот од ЛШ загуби на гости со 27:22, иако имаше водство на полувремето од 12:11.

За денешниот дуел тренерот Лино Червар не може да смета на репрезентативецот Марко Нелоски (повреден), додека во составот и покрај повредата од натпреварот со Вардар е Мартин Велковски.

За денешниот натпревар тренерот Лино Червар се реши за следните 16 ракометари: Велковски, Томовски, Талески, Петров, Пешевски, Реценковски, Палевски, Обрадовиќ, Кузмановски, Костески, Илиќ, Гуглета, Дупјачанец, Дрогришки, Арсиќ, Арсеновски.

Двојки од 8.коло и табели:

А група: Флензбург – Кил 25:26, Кадетен Шафхаузен – Висла 27:25. ПСЖ – Веспрем и Барселона – Силкеборг (недела).

Табела: ПСЖ 12 бодови, Барселона 12, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.

Б група: Вардар – Рајн Некар Ловен 26:29, Пик Сегед – Кристијанштад 33:28. Килеце – ППД Загреб и Цеље – Мешков Брест (недела).

Табела: Вардар 12, ПИК Сегед 11, РНЛ 11, Киелце 10, Мешков Брест 7, Цеље 4, Кристијанштад 3, Загреб 2.

Ц група: Чеховски Медведи – Елверум 26:31, Монпеље – Ла Риоха 37:27. Металург – Татран Прешов (недела).

Табела: Монпеље 12, Ла Риоха 9, Елверум 7, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6, Металург 6.

Д група: Мотор – Динамо Букурешт 35:27. Холстебро – Брага и Бешикташ – Нант (недела).

Табела: Нант 11, Мотор 11, Бешикташ 9, Динамо (Б) 6, Брага 4, Холстебро 3.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП