КК Работнички: Своите победи сакаме да ги остваруваме на терен, а не на зелена маса

Од:

Повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија Работнички, по одлуката на Арбитражната комисија на Македонската кошаркарска федерација за укинување на одлуката на Комесарот за натпревари Бобан Јосифовски со која клубот требаше да се пресели во Третата лига, денеска се огласи со соопштение:

„Арбитражната комисија ја укина одлуката на комесарот и со тоа го стави Работнички во иста позиција каква што беше по натпреварот со МЗТ Скопје, а пред донесувањето на одлуката за исклучување од Прва лига.

Комесарот не би требало да се занимава со толкување на правната проблематика, ниту пак со прес конференции за дефокусирање од проблемот, туку со исполнувања на барањата кои арбитражната комисија ги постави, а со цел да се согледа целокупната вистина за овој случај.

Работнички се жалеше и докажа дека има низа пропусти и од страна на судиите и делегатот, како и од комесарот во делот на примената на членовите по кои е казнет, а воедно во изјавите кои ги дадоа играчите и капитенот децидно се вели дека од нив не било побарано од ниедно службено лице, ниту од првиот судија, ниту од делегатот, да се вратат од соблекувалната и да го доиграат натпреварот.

Бараме процедурата да продолжи понатаму како што е предвидено со упатствата од арбитражната комисија, а согласно правилниците на МКФ.

Му благодариме на комесарот за изречените убави зборови околу важноста на Работнички за македонската кошарка, но во овој момент неговиот предлог за поведување на вонинституционална постапка сметаме дека е спротивен на легалната процедура. Во моментов Работнички ќе ја бара правдата кај сите институции кои се надлежни за решавање на овој спор, почитувајќи ги насоките на арбитражната комисија.

Уште еднаш нагласуваме дека КК Работнички сака своите победи да ги остварува само на терен, а не на зелена маса, и дека никогаш нема да дозволиме некој да си поигрува со реномето и величината на нашиот клуб“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски