Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Од:

Фудбалскиот клуб Работнички изрази гордост што игра важна улога во Европската асоцијација на клубови, каде е дел од нов важен проект, заедно со дел од европските фудбалски гиганти, како Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев, е избран да биде дел од новата работна група „ECA Sustaninability Working Group“ која ќе креира предлози за развој на фудбалската игра и одржливоста на клубовите со влијанието што го имаат во социјалната средина.

Членови на оваа група се и водечките клубови на Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик… За каков почитуван собир се работи доволно отсликува фактот дека од регионот на поранешна Југославија, честа ја добија Работнички преку генералниот секретар Ненад Монев и Азра Нумановиќ од ФК Сараево.

„Ова е голема чест, но воедно и предизвик, да се работи и придонесува за развојот на ЕКА и а европскиот фудбал заедно со претставниците на дел од најголемите европски клубови. Со досегашниот мој личен ангажман, и на ФК Работнички како клуб, и посветеноста во ЕКА, добив една ваква важна улога. Секое искуство ќе биде драгоцено, а секако ќе се потрудам Работнички и македонскиот фудбал да бидат претставени во најдобро можно светло“, вели Ненад Монев, генералниот секретар на ФК Работнички.

Извор: Топспорт

Автобиографска кни

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Работнички се раздели со Седлоски, веднаш го именуваше Станиќ

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Марковски: Работнички е подготвен за новата сезона