ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Од:

Стотината поранешни работници во штипската фабрика за чевли АД „Баргала“ денеска во регионалната канцеларија на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се потпишаа на полномошно со кое го овластуваат синдикатот да ги застапува во судската постапка. Весна Кузманова-Тодоровска од ССМ вели дека ова е чекор за воведување на стечајна постапка за „Баргала“.

– Ние уште од утринава ги уплативме средствата, односно ССМ уплати околу 25.000 денари, за да може во судот да почне стечајната постапка. Така денеска работниците потпишуваат полномошно за ССМ да ги застапува пред судот, изјави Кузманова-Тодоровска.

Барањето за стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип е доставено во Основниот суд – Штип, а предметот е распределен кај судија, кој деновиве треба да одлучи или ќе го отфрли барањето за почнување на стечајната постапка за овој чевларски гигант, кој до пред неколку години вработуваше и над 1.000 работници.

Пред десеттина дена, стотина работници на „Брагала“ добија отказни решенија од страна на работодавецот. Отпуштените работници бараат да им се исплатат и две неисплатени плати.

Би можело да ве интересира

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче