Работнички гостува во Казан во обид да избори историско учество во Лига Европа

Од:

Фудбалерите на Работнички попладне од 18 часот ќе го почнат дуелот на гостувањето кај Рубин во обид да остварат резултат кој на еден тим од Македонија ќе и донесе историски пласман во групна фаза од Лигата на Европа.

Македонскиот претставник се наоѓа на чекор до целта, а за тоа ќе му биде потребна било каква победа, или реми со два или повеќе погодоци.

На првиот натпревар од плеј-офот во Скопје пред седум дена беше 1:1, па нерешено без голови му одговара на рускиот тим, а идентичен резултат ќе значи продолженија.

Во таборот на „романтичарите“ владее позитивна атмосфера, а сите фудбалери се единствени во решителноста оној кој ќе добие можност да игра да го даде максимумот.

Тренерот Игор Ангеловски за руските медиуми изјави дека е свесен за квалитетот на противникот, но и дека неговите избраници не се без шанса.

– Ние и пред првиот натпревар важевме за аутсајдери, а исто ќе биде и вечер. Сепак, покажавме дека можеме да се носиме и со квалитетни состави, а верувам дека така ќе биде и со Рубин. Пред нас е историска шанса да се пласираме во групите и очекувам да направиме се што е во наша моќ да стигнеме до целта, нагласи Ангеловски.

Правдата ќе ја дели турска судиска тројка на чело со Хусеин Гочек, и помошниците Мустафа Ејисој и Оркун Акташ.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска