Екипата на Работнички вечерва (20:00 часот) во Националната Арена „Филип Втори“ го игра првиот натпревар од баражот од Лига Европа. Ривал на македонскиот претставник е руската екипа Рубин. По трите успешно минати елиминациски кола (Флора, Јелгава и Трабзон) македонскиот тим е на чекор од настапите во групната фаза на ова натпреварување.
Во редовите на Работнички се свесни за постигнатото и истакнуваат дека ќе се обидат на првиот натпревар во Скопје да остварат позитивен резултат. Тренерот Игор Ангеловски нема дилеми околу составот. Според најавата Работнички вечерва треба да истрча со следните 11 играчи: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Сахити, Вујчиќ, Петровиќ, Марковски, Алтипармаковски и Чума.
Тренерот Ангеловски за денешниот натпревар неможе да смета на капитенот Блаже Илијоски (поради жолти картони), како и на Душко Трајчевски (исклучен на дуелот со Трабзон, но и повреден).
– Тимот го надополнува секое отсуство. Најважно од се е како ќе игра мојата екипа и ќе мора да ја играме нашата игра. И на овој дуел ќе се обидеме да наметнеме висок пресинг и да играме на гол повеќе, изјави Ангеловски.
Натпреварот ќе го унгарскиот судија Иштван Вад.