Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички и во следната сезона ќе биде предводен од тренерот Марин Докузовски.
– Во претстојната сезона 2017/2018 најтрофејниот клуб Работнички ќе го има „докторот“ Марин Докузовски за тренер, објави Работнички на својот Фејсбук профил.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави најголем буџет досега за клубот кој се пријави за настап во ФИБА Европа купот.
Поради зголемениот број натпревари во однос на мината сезона и настапот на евро-сцената, Работнички оваа година покрај домашните ќе се засили и со неколку странски кошаркари.