Општина Центар: КК Работнички добива втор спонзор – „Видеолотарија Касинос Австрија“

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб „Работнички“, го има вториот спонзор. Станува збор за компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“, кој ќе го спонзорира клубот во времеетраење од една година информираат од Општина Центар.

– Општина Центар верува дека новото спонзорство ќе ја засили финансиската моќ на клубот и ќе го врати на старата шампионска слава.
Претходно, КК „Работнички“ потпиша четиригодишен договор за спонзорство и со српскиот оператор „Мтел“. Подобрување на состојбата во клубот беше и дел од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Овој договор за општината, но и за центарци, значи напорна работа сѐ до исполнување на целта, повторно подигнување на шампионскиот пехар во првата кошаркарска лига се вели во соопштението од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата