Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Од:

Општина Центар извршила контроли на бучавата од угосителскиот објекти на нејзината територија и казнети се угостителскитое објекти Интермеци и Мош.

– Акциите се спроведоа на целата територија на Општината, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец. Извршено е мерење на бучавата на два угостителски објекти: Мош и Интермецо. По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, врз основа на кои се спроведени инспекциски постапки, со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од 8 дена. Доколку не ги платат казните во висина 13.000еур, овластениот инспектор ќе достави Барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци, се вели во соопштението од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост