Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општинските служби, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар продолжува да спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи информираат од Општина Центар.

„Заедно со општинските и инспекторски служби продолжуваме да вршиме инспекторски контроли со цел доколку е потребно да изведеме брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Јас уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли затоа што мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Од ова ветување не отстапувам затоа им порачувам на сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи, да градат според одобренијата затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани. Потенцирам дека ниту една отстапка од законските процедури нема да биде толерирана“, порача Герасимовски.

Герасимовски заедно со општинските служби изврши увид на 7 градилишта во различни населби и притоа потенцираше дека општината ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Односно од почнување на градбата до нивно завршување се вели во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање