Работнички–Фенербахче – 30. септември, празник за кошарката

Од:

30-ти септември ќе биде вистински празник за љубителите на спортот, особено кошарката.

Во рамките на прославата на 70 годишнината од постоењето на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, “КК Работнички“, со почеток во 19:00 часот во салата “ВИП Арена Спортски центар Борис Трајковски“ ќе се одржи ревијален натпревар помеѓу “КК Работнички“ и шампионот на Турција и вице-шампионот на Европа, кошаркарскиот гигант, “Фенербахче“.

Тимот од Турција, предводен од најтрофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, доаѓа во полн и најсилен состав. Македонската публика ќе може да ужива во играта на Богдан Богдановиќ и Никола Калиниќ, кои се закитија со сребрен медал на Олимпијадата во Рио, поранешниот НБА играч Екое Удо, Јан Весели, Луиџи Датоме, Костас Слукас и останатите ѕвезди на “Фенербахче“.

“Посебна благодарност до нашиот Перо Антиќ, без чија помош немаше да успееме да го донесеме ‘Фенербахче’ на големиот јубилеј на нашиот ‘Работнички”, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Ристо Гапиќ, претседателот на УО на “Работнички“, посочи дека освен играчите, тренерите и целото раководство на “Фенербахче“, во Скопје ќе дојдат и фан-клубовите на тимот, кои ќе бидат дел од прославата.

Новиот извршен директор на клубот, Оливер Тоновски, информираше дека од утре почнува продавањето на билетите, а цената е 200 денари.

“Резултатот на натпреварот ќе биде во втор план. Ова ќе биде празник на кошарката. Голем настан е доаѓањето на “Фенербахче’” во Скопје“, рече првиот тренер, Марин Докузовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, градоначалникот на општина Центар, која е сопственик на “КК Работнички“, ја најави веста која љубителите на кошарката одамна ја посакуваат, а тоа е дека во месец октомври ќе се распише меѓународен конкурс за нова сала на “КК Работнички“ во Градски Парк.

Главен услов за силна екипа, рече Жерновски, е стабилен буџет. Она што успеавме да го направиме е враќање на долговите. “Работнички“ од оваа година ќе има стабилен буџет, а полека стегите попуштаат и се јавуваат заинтересирани спонзори. Она што Работнички постојано го потенцира е во тимот да има македонски играчи и како што рече Жерновски, “Работнички“ ќе има екипа која ќе атакува годинава на титула.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски