Македонскиот претставник во Лига Европа Работнички, загуби на гостувањето кај Рубин Казањ во плејофот за пласман во групната фаза со 1:0. Карлос Едуардо во 35.минута беше стрелец на победничкиот гол по асистенција од Максим Кануников.
Домаќините беа подобар противник во текот на мечот, но и Работнички имаше свои шанси особено Илијоски и Анене.
Со овој резултат Рубин се пласираше во групната фаза од Лига Европа бидејќи првиот меч во Скопје заврши 1:1.
Работнички настапи во состав: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски (87’ Јованоски), Алтипармаковски, Сахити (46’ Маркоски), Анене, Илијоски.