Сагата околу иднината на фудбалерот на ПСЖ Адриен Рабио продолжува со нов пресврт. Фудбалерот сигурно ќе го напушти „Парк де Пренс“ во текот на летото кога истекува договорот. Тој првично беше поврзуван со премин во Барселона, но тој не успеа.
Во последните денови, пак, името на Французинот се споменува за преминување во составот на Тотенхем, но изгледа и овој трансфер нема да се случи. „Петлите“ понудиле 23 милиони евра за Рабио да го земат уште во јануари. Самиот фудбалер сепак нема желба да премине на „Вајт Харт Лејн“ и токму тоа е на пат да ја стопира зделката меѓу двата клуба.
Според последните инфромации, желбата на Рабио е да игра во Англија, но не во дресот на Тотенхем. Тој се надева дека ќе добие предлог од страна на Ливерпул, при што се смета дека Јирген Клоп исто така има интерес кон него.