Путин лобирал да остане Капело

Од:

Лично претседателот на Русија Владимир Путин се заложил италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело да остане на чело на руската фудбалска репрезентација и во следниот период, објавија медиумите во оваа земја.

Со овој потег Путин сакал да биде задржан континуитетот на работа во репрезентацијата под водство на Капело се до 2018 година за кога е закажано Светското првенство кое ќе се одржи токму во Русија.

Според овие информации заложбата од Путин би требало да биде доволно да се замолчи Николај Александрович Толсчих, актуелниот претседател на Рускиот фудбалски сојуз, кој е силен противник на Италијанецот.

Се очекува одговорот од Капело, иако веќе е извесно дека тој ќе ја предводи руската „зборнаја“ уште најмалку пет години.

Капело тренерската кариера ја започна во Милан, а од клубовите работел и во Реал Мадрид, Рома и Јувентус.

Селекторската функција на Русија ја превзема во 2012 година, а пред тоа беше предводник на англиската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“