Путин: Блатер е под притисок од САД да и го одземе мундијалот на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) е под голем притисок од САД за да и се одземе организацијата на Мундијалот 2018 на неговата земја.

Тој потенцира дека Блатер ја ужива целосната поддршка од Русија.

Според Путин апсењето на високите функционери на ФИФА не било во надлежност на Америка која, како што вели, ги пречекорила своите надлежности.

– Ова е уште еден обид за ширење на нивните надлежности надвор од САД. Овие луѓе не се државјани на САД и ако нешто такво се случило, тоа не било во САД, истакнува Путин.

Рускиот претседател практично го доведе во прашање правото на Вашингтон да бара екстрадикција на уапсените функционери на ФИФА, повикувајќи се на правото на Едвард Сноуден и основачот на Викиликс Жулиен Асанж од американското обвинителство да се кријат во странство.

– За жал, нашите американски партнери користат такви методи за исполнување на своите себични цели и нелегално да гонат луѓе. Не ја отфрлам можноста истото тоа да се случува и со ФИФА, невдува Путин.

Би можело да ве интересира

Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени