Пујол ја напушти Барселона

Од:

Карлес Пујол поднесе оставка на функцијата помошник оперативец во фудбалскиот клуб Барселона со што му се придружи на Андони Зубизарета кој ја напушти функцијата спортски директор на клубот.

– Сакам да соопштам дека решив да ставам крај на мојата поврзаност со Барселона. Во овие три и пол месеци видов како работи клубот од една друга страна. Научив доста и затоа сум многу благодарен. Сакам да напредувам во наредниот период во тоа што го работам и се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам во Барселона и да се одолжам за сето она што ми го понуди клубот овие незаборавни години. Ќе ми беше помило да можев да се збогувам на еден малку поинаков начин, но некои работи во животот не излегуваат онака како што посакуваме. Им благодарам на вработените, на директорите на претседателот и на сите оние кои ми помогнаа да напредувам во мојата нова улога. Секако, најголема благодарност до навивачите кои отсекогаш ми давале огромна поддршка како фудбалер, но и сега како пензиониран фудбалер на Барселона. Да живее Барса – напиша Пујол на својот официјален Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска