Пујол, Иниеста и Ернандез го бараат Реина во Барселона

Од:

Голманот на Ливерпул Пепе Реина по 11 години би можел да се врати во Барселона, и тоа на барање на некогашните соиграчи Карлес Пујол, Андрес Иниеста и Чави Ернандез, пренесуваат англиските медиуми.

Реина би вратил дома во Барселона како замена за Виктор Валдез, кој најави заминување, најверојатно во Англија.

Пепе Реина, кој го напушти Камп ноу во 2002 година, ги помина сите младински категории во Барселона и за каталонскиот клуб бранел на 30 натпревари. Пред доаѓањето во Ливерпул во 2005. го носеше дресот на Виљареал.

За репрезентацијата на Шпанија има 26 настапи и беше член на националниот тим што стана европски и светски шампион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска