ПСЖ пред голем предизвик, на „Паркот на принцовите“ доаѓа Ливерпул

Од:

Еден од најскапите европски тимови, Пари Сен Жермен се наоѓа во многу незавидна ситуација во Лигата на шампионите.

„Светците“ во пресрет на петтото коло се трети на табелата и во опасност да не ја поминат групната фаза, нешто што им се нема случено цели 14 години.

Вечерва во Париз гостува Ливерпул и евентуален пораз на ПСЖ и победа на Наполи дома над Црвена ѕвезда ќе значи многу ран крај на амбициите за европски трон на францускиот првак.

Тренерот Томас Тухел е свесен за тешката задача да се совлада премиерлигашот на чие тренерско место се наоѓа неговиот сонародник Јирген Клоп.

– Не очекува дуел со една од најдобрите европски екипи. Ливерпул знае како се игра и како се освојува ЛШ. Мораме добро да се подготвиме и да ги запреме нивните офанзивци. На клупата го имаат Клоп кој внесе нова енергија во тимот, изјави Тухел.

Натпреварот ПСЖ – Ливерпул почнува во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска