Пари Сен Жермен на својата клупска веб-страница потврди дека тројца играчи и еден тренер на екипата биле заразени со коронавирус за време на карантинот.
Клубот не открива кои се играчите што се заразиле.
„Вчера беа извршени ПЦР и серолошки тестови пред продолжување на тренинзите на првиот тим. Резултатите на тројца играчи и еден тренер на Пари Сен Жермен покажаа минато заболување од Ковид-19. Инфицираните имале симптоми за време на самоизолација и не биле во контакт едни со други. Тие веќе не се заразни и можат да ја продолжат својата програма за тренинзи,“ се вели во соопштението на ПСЖ.