Лионел Меси ќе потпише нов договор со францускиот првак Пари Сен Жермен, потврдуваат сигурни извори од Париз. Наводно Меси ќе потпише нов договор за 1+1 сезона, идентично како и кога пристигна од Барселона.
Меси има голема желба уште еднаш да ја освои Лигата на шампионите по Светското првенство и смета дека има многу поголеми шанси тоа да го оствари како член на Пари Сен Жермен.
Барселона и овојпат загуби, светскиот шампион и најдобриот играч во историјата ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Извор: Топспорт