ПСЖ и Бенфика со минимална предност по првите дуели од осминафиналето во ЛШ

Од:

Екипите на Пари Сен Жермен и Бенфика се стекнаа со минимална предност по првите средби од осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

На натпреварот во Париз, францускиот првак ПСЖ оствари победа над Челзи со 2:1. Головите за домашниот тим ги постигнаа, Златан Ибрахимовиќ (39.минута) и Едисон Кавани, (78), додека погодокот за англиската екипа го постигна Џон Оби Микел (45+1).

На вториот синоќешен натпревар, во Лисабон, Бразилецот Жонас со гол во судиското продолжение (90+1) и донесе минимална предност на Бенфика од 1:0 против Зенит.

Два натпревара од осминафиналето на елитното натпреварување се играат и вечерва. Двојките се:
Гент – Волфсбург и
Рома – Реал Мадрид.

Натпреварите ќе започнат во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути.

Другите парови од оваа фаза се:
Арсенал – Барселона, Јувентус – Баерн Минхен (23 февруари),
ПСВ – Атлетико Мадрид и Динамо Киев – Манчестер Сити (24 февруари).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска