Прво реми за Реал Мадрид во Примера

Од:

Екипата на Реал Мадрид не успеа синоќа на домашен терен да постигне победа откако во рамките на 25.коло одигра нерешено со Виљареал 1:1.

„Кралскиот клуб“ поведе во 52.та минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал, а гостите изедначија преку Жерард Морено во 66.та минута.

Предноста на Реал Мадрид во однос на Барселона по нерешениот резултат е два бода.

Резултати 25.коло: Реал Мадрид – Виљареал 1:1, Севиља – Атлетико Мадрид 0:0, Еибар – Атлетик Билбао 0:1, Валенсија – Реал Сосиедад 2:0, Малага – Хетафе 3:2, Алмерија – Депортиво 0:0, Рајо Ваљекано – Леванте 4:2, Гранада – Барселона 1:3 и Еспањол – Кордоба 1:0.

Вечерва играат Селта – Елче.

Табела: Реал Мадрид 61, Барселона 59, Атлетико Мадрид 54, Валенсија 53, Севиља 46, Виљареал 45,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска