Првите две места на трката во Монте Карло за Ферари

Од:

Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Монако што се возеше во Монте Карло. Ова е прва 1-2 победа за Ферари по пауза од седум години, а прва победа во Монако по 2001 година.

Трката на првата позиција ја заврши Себастијан Фетел, кој во „пит-стопот“ го мина клупскиот колега Кими Раиконен, кој ја имаше пол позицијата и водеше до 40 круг.

На третата позиција се пласира Даниел Рикардо од Ред Бул, а четвртото место го освои Валтери Ботас од Мерцедес.

Со денешната победа Фетел има вкупно 129 поени, пред Луис Хамилтон кој има 104, а Ботас е трет со 75. Кај конструкторите прв е Ферари со 196 поени, пред Мерцедес со 179. Следната трка се вози на 11.јуни за Голмената награда на Канада во Монтреал.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин