Фудбалската Лига на шампиони денеска продолжува со четвртфиналните средби во Мадрид и Торино.
Во Мадрид, Атлетико е домаќин на градскиот ривал и бранител на трофејот Реал кој на последните шест меѓусебни пресметки нема извојувано победа.
На вториот дуел, италијанскиот првак Јувентус го пречекува Монако.
Двојки за првите ¼ дуели од ЛШ:
вторник: Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Јувентус – Монако.
среда: Порто – Баерн Минхен и Пари Сен Жермен – Барселона.
Почетокот на сите средби е во 20 часот и 45 минути.