Прв пораз на Металург во Лигата на шампионите на домашен терен

Од:

Ракометарите на Металург го забележаа четвртиот пораз во групата Ц од Лигата на шампионите, прв на домашен терен откако вчера вечер, во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од поранешниот европски првак Монпеље со 30:24.

По стартното водство од 3:1 за гостите Металург со серија од 3-0 поведе со 4:3 и потоа дваесетина минути резултатот најчесто беше нерешен. Во финишот на првиот дел по неколкуте грешки на играчите на Металург во нападот, Монпеље постигна лесни голови и на полувремето водеше со 14:10.

На почетокот на вториот дел гостите само ја зголемија разликата и во 40.минута имаа водство од 20:13. Во продолжение следуваше серијата на Металург од 9-2 за 24:22 за гостите, но македонскиот претставник немаше сили за пресврт.

Најефикасни беа кај Металург Немања Обрадовиќ со 10 голови и Матју Гребил кај Монпеље со 10 голови.

На вториот натпревар од групата Ц одигран вчера Чеховски Медведи – Татран Прешов 28:29.

Табела: Монпеље 8 бодови, Ла Риоха 7, Татран 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ