Кошаркарите на Црвена Звезда го претрпеа првиот пораз сезонава во АБА лигата. Тие попладнево во рамките на 21.коло загубија на гостувањето во Ново Место од словенечката екипа Крка со 77:67 (25:13; 16:19; 16:20 и 20:15). Најефикасен на дуелот беше Јасмин Хукиќ со 20 поени и 9 скокови. Со ова екипата (Крка) на македонскиот селектор Александар Џикиќ е првата која успеа да ги совлада „црвено-белите“, кои остануваат сигурни на првата позиција на табелата.
На вчера одиграните натпревари од ова коло: Шолнок – Мега 88:77, Будуќност – Задар 71:63 и Игокеа – Олимпија 83:77.
Вечерва играат Цедевита и Цибона, а утре на програмата се дуелите: Металац – МЗТ Скопје и Партизан – Левски.
Табела: Црвена Звезда 20-1 (победи-порази), Будуќност 16-5, Цедевита 14-6, Партизан 13-7, Крка 11-10, Олимпија 11-10, Задар 10-11, Шолнок 10-11, Мега 8-13, Металац 9-11, Цибона 9-11, Игокеа 6-15, МЗТ Скопје 6-14, Левски 1-19.