Провокација на Реал до Барселона

Од:

Најтрофејниот шпански клуб, Реал Мадрид сака финалната пресметка за трофејот во Кралскиот куп да се игра во Барселона, на „Ноу Камп“, а идејата дошла од најверните навивачите на „Кралскиот клуб“.

Со оглед дека Реал ќе игра против градскиот риваал Атлетико, од клубот сметаат дека најдобро би било финалето да се игра на неутрален терен. Меѓутоа од друга страна „Јорганџиите“ велат дека дербито треба да се игра во Мадрид, независно на чии стадион ќе се игра.

Барселона лани сакаше финалето со Атлетико Мадрид да се игра на „Сантијаго Бернабе“, но Реал не дозволи такво нешто со одговор дека делови од стадионот ќе се реновираат и дека ќе има градежни работи.

Но, каталонската гордост сега со сите сили ќе се обиде да го бојкотира овој меч, а причината е повеќе од разбирлива, во Каталонија никој не сака да види над 50-на илјади мадриѓани.

Како алтернативно решение е и „Месталја“ во Валенсија, а одлуката треба да биде донесена до крајот на неделава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска