Проект „Заедно навиваме за Македонија“

Од:

Министерството за внатрешни работи вечер во 20 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, организира посета за децата од СОС детското село на кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Литванија.


Со тоа, како што посочуваат од Министерството, почнува реализацијата на проектот „Заедно навиваме за Македонија“, кој има за цел превентивно да делува врз младите и да го промовира фер и коректното однесување и навивање на спортските натпревари.


Проектната активност  ќе се реализира во соработка со спортските федерации, а предвидено е најдобрите ученици или учениците кои биле најактивни во проектите за соработка со полицијата, заедно со полицијата да ги следат натпреварите на националните селекции во повеќе спортови, кога нашите репрезентации се домаќини.


Проектот опфаќа и други категории на ученици во основните и средните училишта, а при реализирањето ќе се води сметка и за застапеност на ученици од различни етнички групи.  

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска