Со вечерашните осум натпревари ќе стартува 4.коло од Лигата на шампионите, а дербито е во Мадрид, каде Реал го пречекува тимот на ПСЖ.
Ова е клучниот натпревар за првото место во групата. Според најавите се очекува и во двата тима да отсуствуваат по неколку играчи.
Распоред на двојките од 4.коло кои се играат денеска:
А група: Реал Мадрид – ПСЖ, Шахтјор – Малме.
Табела: Реал Мадрид 7 бодови, ПСЖ 7, Малме 3, Шахтјор 0.
Б група: Манчестер Јунајтед – ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен – Волфсбург.
Табела: Волфсбург 6 бодови, Манчестер Јунајтед 4, ЦСКА Москва 4, ПСВ Ајндховен 3.
Ц група: Астана – Атлетико Мадрид, Бенфика – Галатасарај.
Табела: Атлетико Мадрид 6 бодови, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 1.
Д група: Борсија Менхенгладбах – Јувентус, Севиља – Манчестер Сити.
Табела: Јувентус 7 бодови, Манчестер Сити 6, Севиља 3, Борусија Менхенгладбах 1.
Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, со исклучок на дуелот Астана – Атлетико Мадрид кој почнува во 16 часот.