Продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони

Од:

По двомесечна пауза вечер продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите на УЕФА. На програмата се првите два натпревара од нок-аут рундата, ПСЖ – Челзи и Бенфика – Зенит.

ПСЖ и Челзи, веќе трета сезона, се среќаваат во елиминациона фаза од елитното натпреварување. Пред две сезони Челзи беше поуспешен, додека минатата сезона, францускиот шампион продолжи понатаму.

Според игрите и пласманот во националните шампионати ПСЖ е фаворит на овој двомеч, иако со доаѓањето на Гус Хидинк сините од Лондон се наоѓаат во нешто подобра форма од претходно.

Се очекува интересно да биде и во Лисабон каде Бенфика игра со Зенит, тим кој заедно со Баерн Минхен и Реал Мадрид имаше пет победи на шесте дуели во групната фаза.

Двата натпревара почнуваат во 20 часот и 45 минути.

За утре се закажани средбите Гент – Волфсбург и Рома – Реал Мадрид.

Другите двојки за осминафиналето се: Арсенал – Барселона, Јувентус – Баерн Минхен (23 февруари), ПСВ – Атлетико Мадрид и Динамо Киев – Манчестер Сити (24 февруари).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска