Продолжува уништувањето на КК „Работнички“

Од:

Јавното претријатие „Водовод“ на Град Скопје ја исклучи водата на најтрофејниот македонски кошаркарски бренд – КК „Работнички“. Овој потег на ЈП „Водовод“ е поради наводен финансиски долг од околу 300.000 денари.

KK_RabotnickiОд управата на клубот велат дека добиле известување за исклучување на водата пред 5 дена и поради тоа побарале средба со одговорно лице од ЈП „Водовод“, посочувајќи дека во документите кои ги наследиле од претходното раководство нема никакви сметки за заостанати долгови кон „Водовод“.

По неколку дена чекање од „Водовод“ немало никаков одговор за средба со одговорно лице за да се расчисти ситуацијата и да се види за што станува збор и од каде е тој долг што беше наведен како причина за исклучување на водата.

Од КК „Работнички“ напоменуваат дека на паркетот на салата „Градски Парк“ е поставен банер на ЈП „Водовод“, а за тоа досега во касата на КК „Работнички“ не се слеал ниту денар за рекламирање на ЈП „Водовод“.

Од управата на клубот се сомневаат дека ова е уште еден притисок за уништување за најтрофејниот македонски клуб КК „Работнички“, кому претходната гарнитура од околу 1.000.000 денари.

Со ваквите потези на Град Скопје, очигледен е обидот да му се нанесе голема штета на КК „Работнички“ пред почетокот на кошаркарската сезона, која започнува во сабота, 12.10.2013.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски