По двонеделната пауза поради божиќните и новогодишните празници, продолжуваат натпреварите во Шпанското фудбалско првенство. На распоредот во Примера Дивизија од денес до понеделник се натпреварите од 18.коло.
Сарагоса – Бетис е дуелот со кој ќе биде отворена оваа рунда. Почетокот е вечрва во 21 часот и 30 минути.
По четири натпревари ќе се играат во текот на викендот, а двојките за сабота се: Леванте – Атлетик Билбао, Гранада – Валенсија, Депортиво Ла Коруња – Малага и Севиља – Осасуна.
За в недела се закажани средбите: Селта Виго – Ваљадолид, Реал Мадрид – Сосиедад, Барселона – Еспањол и Мајорка – Атлетико Мадрид.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Рајо Ваљекано – Хетафе.
Табела: Барселона 49 бодови, Атлетико Мадрид 40, Реал Мадрид 33, Малага 31, Бетис 28, Леванте 27,…