Продолжува борбата за четврто место во Примера

Од:

Во Примера од денеска до понеделник ќе се одиграат осум натпревари бидејќи финалистите на Купот порано ги одиграа дуелите од 36.коло. Битката за четвртото место и пласманот во квалификациите од Лигата на шампионите продолжува меѓу Валенсија и Реал Сосиедад, кои имаат по 59 бодови.

Валенсија гостува кај Хетафе, а Реал Сосиедад кај Севиља. Покрај овие два дуела вечерва играат уште Гранада – Осасуна.

Утре на програмата се натпреварите: Леванте – Рајо Ваљекано, Депортиво – Еспањол, Сарагоса – Атлетик Билбао и Барселона – Ваљадолид.

Колото ќе биде комплетирано в понеделик со натпреварот Мајорка – Бетис.

На порано одиграните натпревари: Селта – Атлетико Мадрид 1:3 и Реал Мадрид – Малага 6:2.

Табела: Барселона 91 бод, Реал Мадрид 81, Атлетико Мадрид 72, Реал Сосиедад 59, Валенсија 59, Малага 54, Бетис 52,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска