Италијанскиот првак Јувентус со соочува со неочекувани проблеми пред саботното финале од Лигата на шампионите против Браселона, откако последниот тренинг го напушти Џорџо Кјелини поради повреда.
– Кјелини мораше да го прекине тренингот поради болка во бутниот мускул на левата нога. Се уште не е познато за каква повреда се работи и дали тој ќе биде во комбинација за финалето, соопштија од клубот.
Дали Кјелини има напукнување или истегнување на мускулот и дали ќе биде во можност да игра против Барселона ќе биде познато денеска по лекарските контроли.
Финалето на елитното натпреварување е закажано за 6 јуни во Берлин со почеток од 20 часот и 45 минути.