Примера: Селта остана, Реал Сосиедад во Лигата на шампионите

Од:

Возбудливо беше синоќа последното 38.коло од Примера, Селта избори опстанок, а Реал Сосиедад се пласира во квалификациите од Лигата на шампионите.

Селта на домашен терен го победи Еспањол со 1:0 што беше доволно за опстанок, бидејќи Депортиво загуби од Реал Сосиедад со истиот резултат. Во борбата за 4.место „извиси“ Валенсија, која со 4:3 загуби на гостувањето кај Севиља.

Преглед на резултатите од последното коло: Селта – Еспањол 1:0, Гранада – Хетафе 2:0, Депортиво – Реал Сосиеад 0:1, Леванте – Бетис 1:1, Мајорка  – Ваљадоид 4:2, Севиља – Валенсија 4:3, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 2:2, Сарагоса – Атлетико Мадрид 1:3, Барселона – Малага 4:1 и Реал Мадрид – Осасуна 4:2.

Во Лигата на шампионите ќе играат: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад (квалификации).

Во Лига Европа ќе играат: Валенсија и Малага.

Од лигата испаднаа: Мајорка, Депортиво и Сарагоса.

Конечна табела: Барселона 100 бодови, Реал Мадрид 85, Атлетико Мадрид 76, Реал Сосиедад 66, Валенсија 65, Малага 57, Бетис 56, Рајо Ваљекано 53, Севиља 50, Хетафе 47, Леванте 46, Атлетик Билбао 45, Еспањол 44, Ваљадолид 43, Гранада 42, Осасуна 39, Селта 37, Мајорка 36, Депортиво 35, Сарагоса 34.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска