Примера: Еспањол и Валенсија одиграа 3:3

Од:

Во 31. коло од Примера Дивизија синоќа Еспањол и Валенсија одиграа ефикасен натпревар, а четири голови беа постигнати во последните десет минути.

Еспањол поведе со голот на Вакасо во 45. минута, а Валенсија изедначи преку Каналес во 53.минута. Домашните повторно преку Верду во 82.минута дојдоа во водство од 2:1, а Валенсија врати со двата гола Жонас (87.минута) и Солдадо (90.минута). Еспањол изедначи (3:3) во судиското продолжение со голот на Серхио Гарсија.

На другите натпревари од 31.коло во Шпанското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Малага – Осасуна 1:0, Леванте – Депортиво Ла Коруња 2:4, Ваљадолид – Хетафе 2:1 и Бетис – Севиља 3:3.

Денеска се играат натпреварите: Атлетик Билбао – Реал Мадрид, Сарагоса – Барселона, Атлетико Мадрид – Гранада и Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад.

Утре играат: Мајорка – Селта.

Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 65, Атлетико Мадрид 62, Реал Сосиедад 51, Малага 50, Валенсија 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска