Примера: Два натпревара – еден гол

Од:

Во Шпанското фудбалско првенство синоќа се одиграа последните два натпревара од 29.коло, а беше постигнат само еден гол.

Во Билбао, домашниот Атлетик со 1:0 го совлада тимот на Гранада. Единствениот гол го постигна Аритз Адуриз во 67.минута.

Со оваа победа Атлетик Билбао остана на 14.место на табелата, но сега имаа 35 бодови. Гранада е на 16.то место со 28 бодови или четири повеќе од екипите кои се наоѓат во зоната на испаѓање.

На вториот натпревар, во Севиља Бетис и Хетафе одиграа без голови 0:0.

Бетис остана на седмата позиција со 44 бодови, додека Хетафе е на осмата позиција со 43 бодови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска