Со натпреварот Еспањол – Мајорка вечерва во 21 часот почнува 20.коло во шпанската Примера Дивизија.
По четири натпревари се закажани за утре и за во недела.
Двојките за сабота се: Гранада – Рајо Ваљекано, Сосиедад – Барселона, Хетафе – Севиља и Малага – Селта Виго.
Дербито на колото е в недела кога на „Местаља“ кај Валенсија гостува Реал Мадрид. Покрај овој натпревар в недела ќе играат и: Осасуна – Депортиво Ла Коруња, Ваљадолид – Сарагоса и Атлетико Мадрид – Леванте.
Колото в понеделник ќе го заокружат Бетис и Атлетик Билбао.
Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Бетис 34, Малага 31, Рајо Ваљекано 31,…