Примера: Битка за опстанок во последното коло

Од:

Во рамките на 38. (последно) коло од Примера вечерва се играат натпреварите по кои ќе има разврска за тоа која екипа од четирите ќе остане во елитното шпанско натпреварување. Интересно е тоа што сите екипи (Депортиво, Селта, Сарагоса, Мајорка) се домаќини.

Најтежок противник има Депортиво, бидејќи го пречекува Реал Сосиедад, кој се бори за 4. место и за квалификациите во Лигата на шампионите. Селта е домаќин на Еспањол, Мајорка на Ваљадолид, а Сарагоса на Атлетико Мадрид.

Почетокот на овие натпревари е во 21 часот, кога играат уште: Гранада – Хетафе, Леванте – Бетис, Севиља – Валенсија и Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао. Доколку победат сите екипи што се борат за опстанок во лигата ќе остане Депортиво дека има бод повеќе од конкурентите. На дното на табелата екипите имаат: Депортиво 35 бодови, Селта 34, Сарагоса 34, Мајорка 33.

Колото денеска ќе го отворат Реал Мадрид и Осасуна со натпреварот што почнува во 17 часот, а од 19 часот е дуелот Барселона – Малага.

Табела: Барселона 97 бодови, Реал Мадрид 82, Атлетико Мадрид 73, Валенсија 65, Реал Сосиедад 63, Малага 57, Бетис 55,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска