Прилеп домаќин на првиот меѓународен атлетски полумаратон

Од:

Прилеп за прв пат в недела, на 25 ноември ќе биде домаќин на меѓународен атлетски полумаратон. Организатор на овој меѓународен настан е атлетско-рекреативниот клуб „Лотус“ од Прилеп, во соработка со општина Прилеп.

Според Божидар Чаушоски, претседател на клубот „лотус“ со организацијата на полумаратонот во должина од 21 километар и рекреативната трка на 5 километри низ улиците на градот, Прилеп влегува на атлетската мапа на Македонија и на поширокиот регион.

Прилепскиот полумаратон се организира за прв пат. Ќе учествуваат околу 200 натпреварувачи од Македонија и од државите од поранешна Југославија. Полумаратонот се трча 3 кругови по 7 километри низ улиците на Прилеп, а стартот е од пред „Реклами“. Промотор на трката е државниот првак на Македонија во маратон, Александар Кираџиев. Од познатите имиња, ќе учествуваат: македонскиот атлетичар Игор Јакимовски, Милош Микиќ од Црна Гора кој е еден од фаворитите на 5 километри, потоа Горан Христов, Тодор Анчев и Кристијан Наумовски, изјави Чаушоски на прес конференцијата во прилепската локална самоуправа.

За безбедноста на учесниците и за регулирање на сообраќајот, ќе се погрижат надлежните од Полициската станица од Прилеп и педесетина ученици од сообраќајната струка од средното прилепско училиште „Ристе Ристески-Ричко“.

Почетокот на трката е во 10 часот в недела, а медалите и признанијата на најдобрите ќе им бидат доделени во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов