Пријавувањето на Виз Ер Скопски маратон се затвора на 22 април

Од:

Во сабота, 4. мај 2019, ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон, темелот на спортувањето и здравиот живот, кој го прославува својот 15. јубилеј. За самата трка пријавувањето се затвора на 22 април 2019 година, освен предвремено доколку се исполни предвидената квота на настанот.

Секој, од организаторите до учесниците, со нетрпение го очекуваат спектаклот на Виз Ер Скопскиот маратон. Тие ги повикуваат сите кои нема да трчаат да застанат долж стазата и да навиваат. Според нив, што повеќе луѓе ги бодрат учесниците со толку повеќе позитивна енергија се исполнува Скопје. Затоа и оваа година на различни локации ќе бидат поставени неколку музички точки на кои можат да се придружи публиката. На сите тркачи, од дома и од странство, да им се покаже гостопримливоста која постои во градот.

Организаторите ги повикуваат сите да побрзаат и да се пријават пред затворањето на рокот на 22. април 2019 на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон порачува дека столбот на самата организација и манифестација се волонтерите и ги повикува сите заинтересирани да се пријават. Рокот за аплицирање на волонтери е 25 април 2019 година, или до пополнување на бројот потребен за волонтери. Тоа може да се направи на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri. Волонтерите добиваат маица, вода, храна, и сертификат за волонтирање и апликантите треба да бидат постари од 16 години и да исполнат одредени услови.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

18. издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Ана Ололовска

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов